дозволи (гл.) - да (сврз.)

- Нема да му дозволам да го распарчи имотот... –се бореше таа со самата себе... војуваше со себе си.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Ви се чудам на паметот, - им вели Сатирот. – Па сите оние на кои верата не им дозволува да имаат кучиња знаат, а вие не знаете.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Нешто таму на улицата се шугали, се обѕира некој да не го види и страотно вешто се вотна во куќата на тој кому верата не му дозволува да има куче.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
На едниот, бидејќи верата не му дозволува да има куче, а на другиот бидејќи верата му дозволува, има куче.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Мојот брат, не дозволи да им бидат нарушени очекувањата.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Потоа на шестнаесет години, по преживеаниот пеницилински шок, Татјана падна од мотор два дена по завршувањето на училишната година и ја скрши бутната коска.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Не ѝ дозволија да остане со неа во Градската болница (секогаш имаа некакви правила) и седеше пред врата очајна и несреќна.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Жената која лежеше на креветот до нејзиниот, модра како џигер и со одвај триесетина килограми сѐ уште лелекаше и офкаше од болки, а мајка ми која не ми ни дозволи да ѝ помогнам да се преоблече дента кога ја донесов, лежеше мртва.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Расположено по страните на длабоките кањони на реката Јантра, по бреговите распослани на острите северни падини на Стара Планина, Трново не дозволува да се изнајде точка од каде што ќе се зајазило Трново, делумно и скржаво ги откриваат неговите необични убавини.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа барем имаше некаква смисла и ми даваше одреден идентитет и личност. (Што ве наведе да го промените мислењето?) Кога се уверив дека ќе ми дозволите да се чувствувам како ваше дете и дека ќе се грижите за мене со љубов.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Овој марифет и Бегот им го препорача на селаните, но не зеде и не земаше веќе учество во селските работи, сметајќи се за виновен и компромитиран и молејќи ги да го остават малку понастрана и за нивно добро, бидејќи и Турците не ќе гледаат со добро око на него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со еден збор, јузбашијата почувствува едно гостопримство, та неговата свест не му дозволи да ја пренесе Бахтијаровата наредба за терор на војниците, ами напротив, им заповеда да се држат човечки додека и рајата така се држи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сè тоа мораме да го оставиме зад себе како детска илузија и да си дозволиме да влеземе во широко отвореното поле на можности.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Веднаш потоа стоката нагрна кон кошарата, а тој имаше голема мака да ги задржи, да не дозволи да се избодат и изгазат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На творецот не му е дозволено да суди за неговото сопствено дело.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Барем да беа трње што убаво ќе ги сеќаваат чекорите на иследникот кој се труди да ме следи!) Но еве, од некаде почна да надоаѓа светлина и да го разголува сеќавањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи да повторам, без некое чувство на вина: јас во повеќе куси мигови имам дружено со привидите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Опишуваното звучи најприродно ако извира од споменот, а вам нема да ви биде тешко да го сфатите суштинското, и покрај изменетиот редослед“. (Се разбира, ги сфаќам противречностите што ги трупам при објаснувањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност ме водеше помислата дека треба да го развиваме во нас она чувство кое ќе ни овозможи да ја уриваме оградата од грдите правила и рецепти, но притоа да не дозволиме да нѐ раководи желбата за напуштањето на оградениот простор туку со нашето однесување да овозможиме тој простор да се проширува и облагородува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас сум уверен дека ќе ви понудам појасна слика на настанот ако дозволите да го сторам тоа според дотокот на сеќавањата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Те молам, Кети, дозволи да ти помогнам.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Потоа тие ѝ рекле дека е недостојно член на Партијата на здравиот народен дух да си дозволи да коленичи и да моли некаков недеклариран изрод, кловн од прв степен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И потем почна да ме моли; ме молеше како мало дете, целосно инфантилно; клечеше на колена пред мене, ми ги бакнуваше стапалата; рече дека бара само да му дозволам да ми го открие стомакот; дека ништо друго не бара и дека ме моли само на половина час „да му го позајмам стомакот“ (токму така рече, господин судија!); рече дека ми ветува дека воопшто нема да ме гибне со рацете; јас се смеев, оти предлогот беше луд; „Јан Лудвик“, му реков, „Ние сме возрасни. Какви ти се тие глупости?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И потем рече: „Јас само сакам да лежиш малку мирна и да ми дозволиш да си ја исполнам својата последна цивилна желба“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако е доволно смешно, ќе дозволам да се изведе во паузата“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можно ли е, заради таа своја проклета Партија, да не ми дозволи да прочитам една љубовна песна, во која само ќе ја опишам косата на љубената, под сјајна месечина?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не ми беше по волја, се лутев, а тој рече дека мора да оди со „газдата“ на Зајачки Рид, оти овој му ветил дека дента, на крајот од тренингот, ќе му дозволи да се повози малку со неговиот мотоцикл.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој рече: „Од тебе барав само да ми дозволиш да испијам едно шише вино од твојот папок; но ти не дозволуваш; и самата знаеш, Луцијо, дека заслужив многу повеќе од тоа што го барам.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бевме охрабрувани од повеќе страни - Kerouac и Beat писателите, дикцијата на Saul Bellow во The Adventures of Augie March, појавата на говор сличен на оној на Herbert Gold и Philip Roth - и видовме, најпосле, како на две многу различни варијанти на Англискиот јазик им беше дозволено да коегзистираат во книжевноста.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тие не само што не се во состојба да произведат позитивни мисли во себе, туку, обратно од тоа: во себе раѓаат ( и им дозволуваат да се размножуваат) многу видови невидливи честици со негативна енергија.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Се сеќавам, многу добро се сеќавам - изусти тихо Филип без да ми дозволи да ја довршам мислата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Не ни дозволија да ја преминеме границата. Свртивме и трчаница фативме пат за Пероо.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но дозволете да довршам. Големото поле што е зад нас, под патот и се шири на исток и југ се до падините на планините, пред војната беше сопственост на еден бег, чие име сега не ми текнува.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Султанот ветил дека на атентаторите ќе им дозволи да ја напуштат безбедно земјата и ветувањето го исполнил. Меѓутоа, колежите продолжиле.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Би ве молел да ми дозволите да напишам нешто за неа и да ја фотографирам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Но јас ќе си дозволам да повторам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Него особено го револтира што таква потребна програма не успеа да прокламира ни една толку силна и така широко поставена револуционерна организација во Македонија, како што беше ТМОРО, туку најважните прашања си дозволи да ги остави да се решаваат „подоцна”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ми се чини оти они не се прави и ете зошто: Во новата книга се зборува, вистина, и за отцепување и за соединување, но за отцепување од тие што сме веќе отцепени и со кои никојпат не ќе ни дозволат да се соединиме, а за соединување со тие со кои сме морално задолжени да се соединиме и со кои соединувањето е возможно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но оваа година ни покажа оти историските околности никојпат не ќе дозволат да се соедини цела Македонија со Бугарија; сега за Македонците и Бугарите останува едно од двете: или делење на Македонија меѓу балканските државички и со тоа загубување на 2/3 од Македонија за Бугарите и Македонците, или полно пресечување на врските со Бугарите и поставување на македонското прашање врз наполно неутрална, чисто македонска основа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас ќе си дозволам да не се согласам со такво длабоко политичко „далековидување”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се прашаше само: кому приликите ќе му дозволат да наддели?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Требаше, пред да се крене ѓурултијата, да им дозволиме да ни ја напишат оние што најмалку нѐ сметаат за живи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тогаш на Скрче не ќе му остане ништо друго, туку да ја грабне секирата и да не им дозволи да се доближат до брегот...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
ФЕЗЛИЕВ: Тоа дека никогаш на никого не сум му дозволил да ме прави будала; најмалку ќе ти дозволам тебе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ИВАН: Замолчи. Никој не ти дозволи да зборуваш за таа жена. (По мала пауза.) Ти се молам...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
МЕТОДИ: Дождот не му дозволи да ја крене главата и да погледа каде влегува. Скалилото беше пусто.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Вашиот ценет сопруг е видна личност во македонската емиграција и ние сме загрижени да не дозволиме да падне врз него сенка што би можела да го опетни.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Дозволи да те заборавам, соновите во јавето да бидат заборав и минатост...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Има ли надеж дека пак пролет ќе дојде? и пак ќе грее моето сонце и патувања одново ќе има но место на Марс, во новите коридори на животот ќе ги побараме старите траги и сладоста во која уживавме Дозволи да те заборавам и соновите во јавето да бидат заборав и минатост...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Времето му дозволи да се преиспита и самиот себеси и да си побара одговори на некои загадочни прашања.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Чекаше самата да го одреди мигот кога расцветана ќе дозволи да ја скине.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Благодарам Севишен што ме водеше по работ и што не дозволи да се стрмоглавам во бездната без враќање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Господе! Не, господе, сигурно не си дозволил да се случи нешто? Срцето на Рада, речиси, застана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Истата вечер, Марија беше запишана во регистарот на пациентите со посебен сериски број и со површен коментар за нејзиното мистериозно доаѓање и за двоумењата околу нејзиниот идентитет.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Добар ден“, грубо рече кралот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
По еден долг час, отворајќи се докрај пред него, го замоли да ѝ дозволи да му се јави на сопругот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Откако се збогува со својата сопатничка, Марија сакаше да ја врати прекривката, но жената ѝ рече да си ја покрие главата додека поминува низ дворот и да ѝ ја врати на влезот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој ја подели нарачката на стариот на два дела, и му дозволи да се извлече уште овој пат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Патничките, чиишто лица одвај се гледаа под бледата светлина на една светилка во дворот, останаа неподвижни сѐ додека жената со војнички изглед не им дозволи да се слезат со неколку едноставни наредби, како да им се обраќа на деца од градинка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа е како дете радосна затоа што не го најде она што го бараше.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој притаено се смешка; не ѝ дозволи да му избега со нејзината тајна.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Руската револуција дозволи да влезат во употреба голем број туѓи зборови кои дотогаш биле употребувани главно во писмена форма.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Која била причината за толку големиот прилив на туѓите зборови? запраша зачудено Татко. Се разбира, имало повеќе причини.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Меѓу двата огранока на Партијата постои извесно количество на меѓуразмена, но само колку да се овозможи слабаците од Внатрешната партија да бидат отстранети, а амбициозните членови на Надворешната партија да се направат безопасни со тоа што ќе им се дозволи да се издигнат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Општењето со проститутки беше забрането, се разбира, но тоа беше едно од оние правила што човек може повремено да си дозволи да ги прекрши.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој дозволи да поодминат, како што мислеше, десет минути, измачуван за тоа време од страв дека некоја случајност - ненадеен провев што би дувнал преку неговата маса, на пример - може да го издаде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сосем независно од потиснувањето на несомнено еретичките зборови, намалувањето на речникот се сметаше како цел сама за себе и ниту на еден збор, без кој се можеше, не му беше дозволено да преживее.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Или ќе биде победена однадвор, или управува толку неефикасно што масите се креваат на бунт, или дозволува да се формира силна и незадоволна средна група, или пак ја губи самодовербата и желбата да владее.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сите владетели во сите времиња се обидувале да им наметнат лажна слика за светот на своите следбеници, но не можеле да си дозволат да охрабруваат каква било илузија која би можела да ја загрози воената делотворност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тагата е еден вид помиреност, блага апатија, која полека го топи снегот и дозволува да се размислува за себе и за другите.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И значи, ова се ваши слики... Дозволете да погледам. (Става лорнет.)
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сепак, се чини дека оваа казна и не е многу голема за некои големи компании кои, свесно и со пресметан ризик, можат да си дозволат да ги кршат работничките права.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На моменти го опфаќаше неизмерна тага. Но, не дозволи да го совлада.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но, беше цврсто решен - нема да им дозволи да го предомислат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Реферира везирот уште за сума писма од полководците на исток и на запад по средоземноморските брегови од каде што идеа само поволни извештаи – од победи кон победи и најпосле, со извесно потценување, правејќи гримаси како за нешто безначајно, изусти: – Еве, милостиви господару, и една ситна работа, ако ми дозволиш да ти доложам.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И покрај тоа што големата и убава црква беше претворена во кино сала, господ во кубето што не успеаја возрасните да го премачкат или покријат, имал контрола на ситуацијата и не дозволи да експлодира бомбата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Нема, штом власта дозволи да се јадат прасињата... - рече отец Серафим оближувајќи си ги прстите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ги зеде во предвид сите можни околности, но не си дозволи да се вџаши и да го тргне умот од она на што решително го имаше насочено.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Зошто уште молчат нашите? - рече во себе си. - Зар ќе дозволат да ги одведат в логор?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Мислиме дека во тој простор, што Поетот го нарекува небесна сфера, еднаш или двапати тој го има донесено и она чудно, за многу неупатени поединци суетно решение, дека таму никогаш нема да дозволи да се чувствува приземјен.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се вративме и му кажавме на командирот во што била работата, ама јас замолив во зорите да ни дозволи да одиме пак.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Баба му доаѓа, но ѝ паѓа на ум дека Зоки ќе се открива ако му дозволи да си игра со Мечето.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Пристапувам до креветот, ја подавам раката за да ја погалам по главата, знам како треба да се однесуваме со вознемирена жена, посебно знам како треба да ѝ пристапувам нејзе, но таа ја крева дланката спроти мене, ја испружува раката и не дозволува да ѝ се приближам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ако не беше така немаше да те почитувам ни тебе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Чекај“, вели, „почекај да проверам уште еднаш пред да тропнам и да истресам некоја нова глупост“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Што се однесува до твојата Партија дозволи да ти речам дека таа ги заборава дури и оние кои ја крепеа. Инаку, кога веќе сакаш да знаеш, јас ја почитувам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И откако го поминаа Бит-Пазар Пелагија го олабави грлото, дозволи да излета првиот збор, рече Денеска почувствував и радост и болка во исто време, мајко Персо!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Топлите зраци на сонцето дозволија да ја облечат во новото фустанче купено за таа пригода и во тон со него чорапчиња до коленцата и чевлички со ремче за полесно сама да ги закопчува.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И никогаш нема да разберам како си дозволи да го направиш тоа, ноншалантно како исцеден лимон ја отфрли љубовта, поради своите себични потреби или од чиста пакост и злоба.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А не беше ни способен да ја разбереш деликатноста на женското срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да продолжиме да патуваме низ животот, да го исчистиме минатото од нечистотијата односно да го разбереме, да си простиме себе си и на другите за недостатоците, мааните, несовршеностите, да си створиме мир, конкордија, согласност, урамнотеженост и да дозволиме да бидеме водени од страна на големата сила што се наоѓа во нас, поголема од секоја надворешност, поголема од нас самите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да научиме да гледаме, слушаме, мирисаме, да ги вкусиме најмиризливите зачини на животот, да бидеме шармантни, харизматични, лесни како воздухот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Треба да најдеме време да го обоиме сонот и животот, не црно бел, туку со сите колоритни бои и нијанси, Да си направиме свое интимно светилиште и да не дозволиме да ни биде украден сонот и животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не смеам да дозволам да ме води бес и лутина, ги сублимирам негативните чувства но, ќе го унифицирам гневот, тешко е, но ќе издржам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Го допрев јас божјиот бескрај, ова заљубено срце ќе ти биде вечно благодарно што му дозволи да ти покаже колку те сака.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Свесно влегуваат во мрачниот ковчег на секојдневието, а не смееме да дозволиме да западнеме во духовна пасивност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Моето постоење, конкретумот на моето битие без тебе, без нас, без она што можеме да постанеме заедно, без нашата љубов, без нашиот копнеж и жед за животот би било сурово, измачувачко, ништовно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Порешително од кога и да е, цврсто да застанеме на земја, да ги сублимираме животните вредности и да пронајдеме хармонија во душата и рамнотежа во просторот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Недостижен ни е достојниот живот на соколот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Неговата теорија на дискурзивна демократија подразбира проширување на јавната сфера за да се овозможи поголемо учество на граѓаните во процесот на создавање на јавното мислење и волја: „Демократизираната или добро уредена јавна сфера треба да им понуди на сите, а особено на маргинализираните групи, можност да учествуваат во обликувањето на јавното мислење, да влијаат врз него и да вршат негова критика“.102
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Хабермас се залага за „неискривената комуникација“, заснована врз подготвеноста да се учествува во рационалниот критички дискурс за прашањата од јавен интерес, да се овозможи слободен и еднаков пристап за сите учесници, да се обиде да се разберат проблемите и да се дозволи да победи најдобриот аргумент, резултирајќи во прифаќање на рационален консензус.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Резултат на овие процеси - и новите претпоставки за микронивоата и новите методи за дедукција и апроксимација одоздола- нагоре - ни дозволуваат да конструираме нови реалности во макросветот како што се компјутерските кола и атомската бомба.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
„Немој да се навредиш, ибн Тајко“, потфрли најпосле претпазливо Марин Крусиќ, „ти, се разбира, не си ни најмалку виновен за тоа, но ние никогаш не би дозволиле да попаднеме под ропство како вас. Никогаш.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Навистина? – се израдува таа. – Нема проблем, седи и слушај ме, така полесно ќе извежбам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Мила – ја замолив – стани сега и оди да вежбаш, да не те караат после, а јас ќе ја прашам мајка ти дали ќе ми дозволи да те слушам. - Сакаш?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Па дури и сивата карпа, на која славејчето никогаш порано не беше слетало, го погледна намуртено и не му дозволи да слета на неа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)