доведе (гл.) - на (предл.)

Кладе нов кадија на прилепскиот кадилак, но стариот не можеше да му го доведе на везирот, бидејќи и овој, како и силниот Сулејман, беше се преселил кај големиот пророк уште зимата, кога затворениците лежеа во Цариградскиот затвор.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сфаќаш ли ти, Винстоне, дека никој што сме го довеле на ова место не сме го испуштиле од раце неизлекуван ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во секој случај веројатно и не помислуваш дека со овие објаснувања се обидувам да ги одредам причините што ме спречуваа утрово да побрзам за да те погледнам в очи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вистина ти велам. Ете, од сите луѓе помеѓу Козаците и Русите за тој генерал Јенков најмалку имав слушнато, а сепак ми беше многу драг.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Еднаш и Даскалов ме предупреди дека размислите можат да нѐ доведат на лизгава патека.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сега можам само да жалам што најчесто му повладував, не бев критична и не се обидував да го доведам на место, што се вели, и така на вештачки начин му создавав чувство на поголема вредност.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
РЕЧНИК НА ТУРСКИ ЗБОРОВИ И ПРОВИНЦИЈАЛИЗМИ
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Затоа и ми беше пријатен тој негов Русин, тој генерал, кој никогаш не нѐ посети иако татко ти постојано најавуваше дека сигурно ќе го доведе на оној негов боршч што го спомнуваше толку често, па јас напати и мирисот му го сеќавав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Хлапец, проклет би и посеј малечка татковина на дланките со неа да си ноќеваш со неа да се будиш и на распјат со неа ќе те одведат со еден брут ќе ве заковат, хлапец, вековите крај вас на поклон ќе доаѓаат и волчиците своите малечка ќе ги доведуваат на љубов да ги учат.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)