врти (гл.) - ја (зам.)

- О? - вели уредникот со насмевка и се оддалечува вртејќи ја чашката во својата рака.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Томо кој ја разбираше скриената желба на Рада, нејзината среќа ја сподели со тоа што ја крена до висината на своите усни вртејќи ја како рингишпил околу себе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Фонче откако ја прегледа куќата од Китан, вртејќи ја главата како да не верува дека ова е случено со неа, во тужбата наведе дека куќата е оддалечена 150-200 метри од каменоломот; дека кога ја изградил Китан, тужениот Танаил, не вадел камења со експлозив, ами рачно; дека од тие експлозиви куќата добила пукнатини кои со време сѐ повеќе се шират и дека се заканува опасност куќата да се урне; куќата кога ја изградил немала никакви пукнатини, а за тоа можат да посведочат мајсторите што ја граделе; и затоа бара од судот веднаш да му забрани на тужениот Танаил да употребува експлозив и преку вешто лице да направи увид на штетата на куќата и да му ја плати на тужителот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Денко ги разгледа камењата, ја разгледа околината, вртејќи ја главата и шепотејќи си: „Возможно е... возможно е...“
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Останал сам вртејќи ја апнатата рака кон месечината за да ја види крвта, ноќе потемна и од ноќ. Видел, 'ржел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Нема. Ќе останам овде до ден. И повеќе. Додека не ми дадеш. - Проклет да си.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вујко ми, Аламановец инаку, значи роден брат на мајка ми, вртејќи ја главата настрана проломоти Ами ако е за толку! со тоа што по она за толку ништо не додаде, па јас уште еднаш не го изодив патот пеш од центарот до Автокоманда.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Немо гледавме од зад решетките на нашите прозорци, гледавме како Добрата Душичка се оддалечува, вртејќи ја главата кон оние решетки зад кои стоеше Макс, одеше свртена така – нозете ѝ чекореа кон едниот, очите ѝ гледаа кон другиот крај на светот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И потоа кога стигна до излезот, пред самото минување низ капијата на Гнездо, таа ја истргна едната рака од раката на својот брат, ја поткрена и мафна, мафна онака како што мафтаат луѓето кои тоа го прават за првпат, мафна онака како што тоа го прават оние кои мафтаат за последен пат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За миг браќата на Добрата Душичка застанаа, застана и таа меѓу нив, вртејќи ја главата кон онаму од каде се оддалечуваше. Престана и завивањето на Макс.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не сеќавате како почнувате да губите време пред огледалото, како ја мачите непослушната коса, вртејќи ја на сите страни, внимавате како одите, како сте облечени, одеднаш се вцрвувате во разговор со некое девојче што ви влегло в глава.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)