Валијата тоа претпладне ги обиколувал квартовите на градот каде што се случувале убиствата, советувајќи го и убедувајќи го башибозукот дека војската и полицијата биле способни да воспостават ред и дека секој што не ќе си ја гледа својата работа и ќе прави ’ексцеси’ ќе биде строго казнет.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тие извикуваа навреди кон чуварите, даваа жесток отпор кога им ги одземаа личните работи, пишуваа безобразни зборови по подот, јадеа прокриумчарена храна што ја вадеа од некои мистериозни скришни места во нивните алишта, па дури му се извикуваа на телекранот кога овој ќе се обидеше да воспостави ред.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во тоа не-време постоеше не-ред, во кој Митра/Варуна во почетокот, воспостави ред за подоцна од тоа пра-време (Ur-Zeit) да се формира човековото време.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
По завршените средни училишта, по некаков воспоставен ред, сите се вработуваа и истовремено студираа.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Феноменот на поезијата постои за да се воспостави ред меѓу нештата, ред помеѓу човекот и времето, зашто вистинската традиција не е завршено минато.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Насекаде има куршлуси. Се трудам да воспоставам ред во тој неред.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Треба многу да го мачеше мислата дека еден дрслив Сандре кметува, а тој - роден да воспостави ред и да и создаде авторитет на власта - станува пренебрегнат.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Во очите на мудрецот тоа е обид видот да воспостави ред во сопствената слоевитост.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Никогаш не ги стокми работите за да воспостави ред.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)