вика (гл.) - како (прил.)

И отец Серафим по богослужбата не го викаа како порано по куќите да им го прегледа виното, да види какво е, да стори нешто ако не чини - туку го пиеја не наоѓајќи му мани и го молитуваа бога само да го има што повеќе, да роди што повеќе да имаат што да пијат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Држи ја! Држи ја! Оваа е добра! - викаше како избезумен.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Викаат како што се вика на митинзите: Да живее! Долу!...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Успеав! Успеав! - свика. - Оооој! Ридовиии! Карпии! Ливадииии! Букиии! Луѓеее! Волциии! Успеав! Успеав! - викаше како излуден.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)