бил (гл.) - да (сврз.)

Таа природа пак нежно, без напор и принуда од нас ја извлекува скриената дарба, дозволувајќи ни сами да си го размотаме јазолот, во кој поради незнаење сме се уплеткале...за потоа да ни прости, тој учител, на кого целта му била да не прочисти, па дури потоа сфаќаме: дека затоа тој воопшто и не се појавил во нас!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Било да се поврзани генерално со авангардата или со нејзините манифестации какви што се надреализмот и експресионизмот, односите помеѓу танцот, индивидуалитетот и новите изразни форми (на ниво на текст или цртеж) се мошне видливи во романот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од онаа страна владеат парите; тие се основа на сообраќањето и денес исцело не ни недостасува некаква критика на марксизмот, туку една модерна теорија за парите која ќе биде на нивото на Маркс, и која ќе го надополни (попримерено би било да ја втемелат банкарите отколку економистите, иако Бернард Шмит на тоа поле прилично е напред).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Излегуваа жени што биле да го видат и шепотеа крстејќи се: - Чувај нѐ, господе!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Добро би било да слезеш утре в град...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Вистина е, на час сѐ си беше вред: довлечкај се и застани под прозорецот, на вратата или седни некаде на крајот од училницата и слушај: попусто би било да може нешто да се открие и дознае.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Нивна единствена задача и цел била да се инфилтрираат меѓу македонските револуционери и да го оневозможат нивното самостојно работење во зацртаниот правец.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Идентична цел имало и т.н. Горноџумајско востание т.е. провокација од септември 1902 кое било инсценирано од бугарската влада.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Задачата на оваа мисија била да изврши диверзија на пругата јужно од Скопје, но поради неможноста да се спушти мисија која би можела тоа да го изврши се сугерирало железничката пруга да биде прекината на „две места северно од Скопје“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Меѓутоа, ставот на тогашното партиско и воено раководство бил да не се водат вооружени акции против германскиот и бугарскиот окупатор за да се зачуваат градовите и селата од осветничките акции на Германците и Бугарите.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Единствената задача на британските мисии при овие преговори била да гарантираат дека партизаните постапуваат според инструкциите дадени во нивното упатство од 30 август 1944 година, а одобрено од командантот на ВШ на НОВ и ПО на Југославија Јосип Броз Тито.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Беше убеден дека волците не се во состојба да му нанесат зло, освен ако се решат со денови да го држат во опсада, во што не веруваше, и најпаметно решение би било да седи затворен во колибата и да чека да помине ноќта, но нешто во него се креваше и го тераше да се стави во активна борба со волците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Совет: исто како и со ЛСД, паметно би било да имате друштво покрај себе, во случај на проблеми да можат веднаш да реагираат, ако е потребно.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Фер би било да споменеме дека многу повеќе се работи во првата и третата категорија е многу повеќе распространета, отколку во останатите две, и покрај тоа што не постои доволно систематичен пристап во изучувањето на историјата на преведувањето и повеќето од истражувањата на преведувањето и лингвистиката се изолирани од главниот тек на студиите за преведување.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Само за стравои бил да му клава на човека. (Панде се потсмевнува.)
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
КАТА: Како би било да направиме вака, да вечераме и ти Анѓеле, да си одиш сам вечерва дома, а ние утре, кон некоја доба, од како ќе поујдисаме, кон ручек да дојдеме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Планот му бил да овега, на Партениј, и тоа отпосле се дозна, кога ќе бидат готови, соѕидани општината и училиштето, да дојде во Потковицата и ако не се согласи Максим милум и за поткуп, со сила да ги освети пред да го стори тоа некој егзархиски свештеник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Некаде од Прилеп али од Битола, каде што живееја неговите подалечни сродници и каде што и сам имаше куќи и хотели или од Солун, од Софија, од Загреб, од Берлин, од Париз, од Лондон, каде што бил да ака, рано напролет, заедно со ластовичките, туку и тој ќе долеташе на Имотот и ќе довлечкаше со себе и една секогаш различна, но секогаш ситна и црномуреста граѓанка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ја запаметив и реченицата дека смртта знае да се расфрла со пораки што треба да ни го стегнат срцето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А покрај грдите зборови што ги расфрлала околу себе, на смртта слабост ѝ било да го отне и поројот на болките објавувајќи го со тој гест своето владеење.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури кога поминале некои од нив да служат во новоизградениот хотел во градот а другите во куќата за разонода на И. Мали, јас сум се нашла во полето, близу до ќерамидницата, но кој ме довел таму и со каква цел останува да се разреши во некое друго време кога на вистината ќе ѝ тргне од рака да ја намота измрсената преѓа на настаните во чист здрав клопец.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Подобро било да поверувам и да паметам дека сите тие девојки (а помеѓу нив се наоѓала и мајка ми) што ги служеле арабаџиите и трговците додека работел анот на Дуко ми биле по малку и мајки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Колку многу поубава би била да имаше боја на лицето, пополничко тело, исполнети и заоблени раце, пополнети колкови и бедра.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој напишал дека чест би им било да за престоечкиот Божиќ свирам на новите оргули во нивната црква .
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ти знаеш дека татко ти е сталожен, сериозен човек и нема да брза со која било да се ожени.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Си мислев често, кога ќе пораснам голема нема да дозволам што било да ѝ недостасува во сите години што доаѓаат...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Хорацио Цвикало, средовечниот актер, за кого дилемата „да се биде или да не се биде“ е постојано провокативна, било да се работи за Шекспиров монолог на театарската премиера или за „приказна од животот“, која ја реанимира над кафеанската маса, заклучува: - И што велиш, мил мој?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
За нив, доволно било да ги пружат рацете, да ги впрегнат прстите и да си ја наполнат шаката со храна од некои од фишеците на соседите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но, најлошото не било да сретнеш туѓи прсти во твојот фишек за семки, туку ако го промашиш семкарот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но најдобро би било да провериш сама!“ - рече мајка ѝ.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
А како би било да велат „го изумре своето“, за некој кој се раѓа, и тој понатаму да биде ослободен од таа прилично здодевна и мрачна обврска, си мислеше гробарот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Од силното потскокнување по нерамноста на тој пат-непат тркалата се заканувале да се распаднат, помеѓу колските ѕидови од сплеткани прачки невозможно било да се седи или да се лежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оние што цереле со треви загнасени рани, косопас, очебол и секакви трески, веднаш знаеле од што е болен и молчеле отпрвин, и се пентареле по безживотен рид изморени од живот на кој не биле свикнати, и биле бришани од ветар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Утре на една софра ќе седнеме, пак... лично би било да си поделиме. Вака де, својски да си се погодиме.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Со тоа како да си наоѓаше оправдување што го напушти проектот чија смисла на постоење се разгоруваше при секој толкуван збор со Камилски со потекло од времето на Османската Империја, и сега посебно од зборот касмет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко во комплексното значење на касметот, како судбина, како фаталност, имајќи го на ум постојано својот ракопис за Историјата на Балканот низ падовите на империите, извлекуваше поука дека природна судбина на секоја цивилизација на Балканот била да се извиши, потоа да се распадне и на крајот да се разнесе во прав.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имено, стравот е тема што ги окупира хероите на Набоков во многу од неговите творби, било да се тоа романи, раскази или драми. (...)
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Било заедно да учат со Толето и Нешка, било да го сретнал нивниот крмнак некаде, ќе го дотера.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бог да го бие Цукерберк Марк го направи фејсбук ко луна парк кој бил да моча, кој со кој се смувал дознавме дури и трава кој дувал
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Но сакам сепак нешто да ви предочам: ваквите неиздржани докрај предлози, поради некоја попатна грешка во нивното реализирање, а чија што единствена цел била да ве вброи помеѓу привилегираните, секогаш се чекор понапред во однос на оние случаи што не влегле воопшто во процедура.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се разбира, се сеќавам кога нешто подоцна ми се фрли в прегратка Катерина сепак не пропушти да ми се закани: секогаш ќе бидам доволно убава за да можам да владеам со твоите мисли, со твоите желби и со сè твое.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Допири на телата!? Всушност посоответно би било да речам: двете корита од реката што ги раздвоила некогаш некоја пречка повторно се враќаат во едно корито.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ова, проклетство било да си жена, женско.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Страшилиште било да си меѓу високите чемпреси, платани и тополи, под наклапушените жални врби.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама, и тоа не било да биде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одделот за специјални операции на ОСС презел повеќе мисии во Европа и во Азија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Иако ставовите во однос на македонското прашање зависеле, пред сѐ, од индивидуалната заинтересираност на службеникот на Министерството за надворешни работи, стандардната политика на Министерството била да се избегнува секое инволвирање во малцинските прашања, особено на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Основната работа на Одделот за разузнавање (Secret Intelligence - SI) на ОСС во Лондон била да ги прибира и да ги анализира стратегиските пораки што биле важни за Заедничкиот генералштаб на САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Мече се премислуваше нешто за час и наеднаш му се сврте: - А како би било да дојдам и јас со тебе?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Јас жените, и воопшто, женските суштества, било да се млади или стари, ги делам на две групи и една подгрупа: Првите се цврсти жени.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)