бил (гл.) - сосем (прил.)

Учебниците по историја велат дека животот пред Револуцијата бил сосем поинаков од сегашниов.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не знаеше колку долго го гледала, можеби и цели пет минути и можно е изразот на неговото лице за тоа време да не бил сосем под контрола.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беа минале скоро десетина дена како не се бев сретнала со жената и се уверив дека тие две средби биле сосем случајни.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Можеби не можел да размислува правилно, можеби бил сосем збркан, поради својата внатрешна повреденост и пробдеаните и измачувачки ноќи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Колежите на Ерменците имале толку силен одглас во Европа, особено во земјите со демократски традиции, какви што биле Англија и Франција, што кога станале Солунските атентати и Илинденското востание, значи по 7 години, за нив се пишувало и зборувало како да биле сосем скоро.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа било разбирливо кога се знае во каков хаос го фрлиле гемиџиите градот со своите бомби, кога никој не знаел точно што се случува, а властите, секогаш наклонети да ја кријат или изопачуваат вистината, давале информации што често биле сосем спротивни на вистинската положба.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ваквиот гест бил сосем проѕирен.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Компетентните органи уште во почетокот можеле да знаат дека гемиџиите биле сосем ограничена група заговорници и дека нивна врска со МРО не ќе можат да докажат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој бил сосем спротивно од она што зрачело од неговата личност.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Да, знам, тоа би било сосем потсвесно и не толку грубо, но просто малечка мислена супсидија во критичниот момент...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но нѐ чудеше кога тој ќе одмавнеше со рака и сосем млако ќе речеше дека овие биле сосем мали возови, наречувајќи ги желчиња и чајничиња, зашто по другите градови имало уште многу, многу поголеми возови, кои тој на млади години ги терал...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)