биде (гл.) - топло (прил.)

Над сѐ, таму внатре ќе му биде топло.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пред да легнат го наполниле огништето со кочанки за да им биде топло ноќта.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Добро што е тоа невозможно, затоа што и ние не би биле вакви какви што сме.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Беше хронично гладен и хронично настинат - ништо не го најадуваше и никогаш не беше дојаден, а од друга страна беше истрениран да трпи глад со денови; зиме - лете носот му течеше, кога мрсули кога водичка, па не знаеше што е тоа да ти биде топло, кога е доволно да имаш нешто на грбот колку да не ти се тресат вилиците.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Доволно беше нему да му студи и ние мораше да бидеме топло облечени, дур иако е лето!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)