биде (гл.) - премногу (прил.)

„ Си помислила ли некогаш“, рече тој, „ дека најдоброто што би можеле да го сториме е да заминеме од тука пред да биде премногу доцна и никогаш повеќе да не се видиме ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да се спасуваат со бегање, да ја напуштат куќата пред да биде премногу доцна - таква мисла не им падна ни на ум.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Татко се обидуваше да го релативизира проблемот, да не бидат премногу радикални во изборот, но, сепак, на крајот се препушти, сакал-нејќел, на планот на Климент Камилски, се разбира, не останувајќи и самиот без лична стратегија каде ќе стигнат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Доста ми е една, на глава ми се качува, две ќе ми бидат премногу.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Туку, ајде да смислиме кого да викнеме за карти.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Затоа, ако организаторите на Interpol сакале дијалог во форма на изложба, не треба да бидат премногу изненадени кога некои уметници ги користат насилството и деструкцијата како своја форма на комуникација!
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тоа е болест како и секоја друга…“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Едно попладне на почетокот од јуни, кога Матилда го остави јас да го причувам додека таа бараше лекови за Зигмунд низ Виена, Хајнерле ми рече дека мора да е многу убаво сега во парковите, а јас само климнав со главата, „И цветовите сигурно чудесно мирисаат,“ продолжуваше, јас промрморев нешто, потврдувајќи, додаде дека и птиците сигурно пеат поубаво отсекогаш и двапати свирна со устата, имитирајќи птица.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите мислевме на Зигмунд – Ана се грижеше дали му заздравува оперираното место, мајка ми се плашеше да не е тоа некоја поопасна болест а не обичен израсток, Мина внимаваше тој да има мир за може да се посвети на своето пишување, Марта не му дозволуваше да се преморува во работата со пациентите, Матилда постојано набавуваше нови лекови, јас правев сѐ да не бидам премногу упадлива во настојувањето да бидам што е можно почесто кај него, придружувајќи ја мајка ми, и така не успевавме да забележиме дека Хајнерле сѐ повеќе и повеќе слабее, дека главчето му се претвора во неколку прамени руса коса под која светкаат испакнатите очи и темнее зеленикавата кожа, никој не помисли дека му треба разговор кога го слушавме како, додека разговаравме за Зигмунд, си шепоти некои зборови самиот за себе, не го прашавме од што сѐ има страв, кога видовме дека го плаши чаша превртена со дното нагоре а отворот поклопен на масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ќе бидам многу задоволен ако добијам некакви новости за тоа што мислиш ти за мајка ни и за сестра ни и дали тие се добри; речи им да го прифатат ова што се случува со мене како нешто поради што не треба да бидат премногу тажни, зашто јас сум релативно несреќен, но ете, можеби и покрај тоа, имам пред себе уште многу скоро обични години.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Веслајте кроце, да не биде премногу кратка средбата со убавото да не би да избегам од себеси, заврзете ме - имаме што да си кажеме јас, Сцила и Харибда! ..............................
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)