биде (гл.) - собран (прид.)

Ама потешко ѝ беше да останат и да бидат собрани за градење на хидроцентралите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Во мугрите - продолжи Барѕотас - на 20 август единиците да бидат собрани на местата што се одредени со наредбата на Главниот штаб.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И затоа цветот треба да биде собран најдоцна до десет часот претпладне.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се укина и одредбата која предвидуваше дека веднаш штом во имотот што влегува во стечајната маса ќе бидат собрани и достапни соодветни парични средства, стечајниот управник со претходна согласност на стечајниот суд ќе изврши авансни исплати на побарувањата од социјалниот план (чл. 34).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
„Ти ќе ги дереш кучињата зашто сите кожи мора да бидат собрани и испратени во Комитетот“.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)