биде (гл.) - мој (прид.)

Ако милуате сете четворица, јас су решил да си а посина Нешка и дури су жив да ми биде моа и да ме испрати кај татка, мајка и кај моа Велика.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да знаеш нема да биде моја вина ако старата зграда „Победа“ ја нема најголемата китка од знамиња во целата улица. Ми вети два долара.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе простам и ќе ги шатирам лагите за повеќе да не бидеш мое минато.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ти и не можеш да бидеш минато, зошто научивме да се грижиме за светот околу нас, да ја балсамираме гордоста, да го делиме животот без да бидеме себични.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Од една просторна дистанца да видам какви ќе бидат моите чувства кон Филип, иако се повеќе и повеќе бев сигурна дека сепак тоа не е тој.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Но, ако сето тоа го сервираш со целув, ќе бидеш мојата икона.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Од вечерва, па за навек ти ќе бидеш мојата Срцка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ма дај, батали, ти ќе бидеш моја лична готвачка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Да! Од овој миг ти ќе бидеш мојата Срцка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ма, ти ќе бидеш моја „лепенка“ во наредните два дена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Денес не само што ќе бидеш моја гостинка, туку и ќе бидеш старосватица. - Старосватица! - се изненади Ивона.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Драги мои дами, она место таму долу ќе биде моето изненадување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не ја отварам портата,а умирам да бидеш мој гостин. Налудничавост, ама само ради тебе.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Знаев дека ќе бидеш мој грев.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Луд батлер Ти. Ти, кој што ќе бидеш мој некогаш.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Ако е така, тоа нешто не вредело доволно за да биде мој предизвик. Ниту било соодветна одскочна даска.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ти ќе бидеш моја до гроб!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
МАТЕЈ: Оваа куќа порано или подоцна и онака ќе биде моја.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Немам сила, немам храброст а знаеш љубовта е нема а јас ко чедо на амор се претворив во дух... ќе изградам куќа од зборови и во неа би те затворила со клучот на моето срце би те чувала да бидеш мое гнездо во кое слетува мала птица да бидеш мој дом со отворена мускулна врата за срцето на малата птица лекокрила, многу нежна да бидеш свежо утро но тиха вечер... светилка што искри во мракот во мојата коса, една надеж, небиднина една среќа во ѕидините на срцето што се руши ко стена да бидеш последна љубов дојди, не оди си, дојди!!!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
По патот за Кичево, Ристо ми зборуваше: Другарке Милке, многу пофално се изразија твоите од штабот на баталјонот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Милке, сè што знам и можам ќе ти го пренесам тебе и ти ќе бидеш мој заменик.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ако сакаш да ми се запишеш сос твоја крв и да се отречеш Христа и да бидеш мој, да ти дадем сè што сакаш.“
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Од цветовите ќе станат праски, а и тие ќе бидат мои. А вие подалеку играјте од праската.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Е, онаа ќе биде моја жена, беше му рекол Јон на Мирчета за мене, или онаа или никоја, рекол Јон тогаш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)