бев (гл.) - ѕвезда (имн.)

Бараа Герасим од Побожјане да раскажува за царски синови и старовремски левенти што со топузи кршеле ѓаволски рогови и прескокнувале со долгоноги бегири огнени реки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сè наоколу беше променето и, едновремено, беше исто; две ѕвезди светкаа право врз него низ велот на пространството; но дали тоа беа ѕвезди?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Неговата љубена во сонот беше ѕвезда што свети и грее, се разбира, ѕвезда во облик на мала топка сало. (Сонувајќи, Ќ не сфаќаше како таа не се топи од сопствената топлина.) Додека траеше сонот, Ќ го празнеше целиот фрижидер и потоа провалуваше во најблискиот фитнес-клуб за да трча на подвижна лента.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Тој не беше ѕвезда, но имаше потреба од таков статус на масата за ручек.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Моите пријатели навраќаа до мене и се врткаа пред камерата и беа ѕвезди на попладневното снимање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Толку многу снимавме што воопшто не се ни трудевме на секој од нив да му смислиме име.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дури и кога излезе од гробот и седна на соседната плоча, речиси ништо не чувствуваше: неговите движења беа станале тромави.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Просто е смешно како човекот наоѓа решение за своите проблеми!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Прашуваа: „Герасиме, синовите на царот Сонце и царицата Месечина беа ѕвезди, нели?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)