Овие тројца во сѐ се угледуваа на пчелите и мравките, постојано учеа и си помагаа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Отспротива Хераклит ги подучуваше децата како од една капка се прават две џамлии и стрпливо чекаше да се ослободи маса за тројца во новоотворениот кубански ресторан.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Без ниеден збор, набрзина влегоа сите тројца во пајтонот и пајтонџијата ги сврсна бујните коњи, а овие полетаа преку начичканото уличе со аскер и разен башибозлук што се насобра да види што ќе стане и како ќе изгорат комитите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Не бу, бре кајмакам ефенди! ) — Не бу, бре бимбаши ефенди! ) — ама пајтонот одлета долу Могевите воденици и го фати за неполни три саати Битола.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Извесно време по нивното ослободување Винстон лично ги виде сите тројца во кафеаната „ Кај костенот“.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И, додека сватовите ја полнеа куќата, комшиите ја полнеа улицата и се редеа по групи (кој со кого зборува и си има муабет, нели), па така, по двајца или по тројца во група, стрпливо чекаа да видат како ќе биде стокмена невестата и дали по нешто ќе се разликува, зашто мајка ѝ веќе беше раскажала по цела улица дека „ќерка ѝ ќе оди во град“ и ќе се мажи за некој што во куќата има мебел од некој што не знае како се вика (Луј ли, Муј ли, 15-ти, 16-ти... така некако).
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Иако гардистите на Мортенија или на некој што управува со неа, не беа лесни, ги носевме кон брегот на реката и ги сместувавме во дрвените чунови. – по двајца или тројца во секој чун.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Непроменлива во движењето, матицата ги повлече. Бавно и сепак сигурно ги носеше кон море на кое никогаш не ќе му го знаеме името.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Вкупно беа по тројца во џиповите и ние: Симон, јас и човекот со тракторот.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Разбрав дека се тројца во ќелијата и дека на смени ме гледаат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се мачеше да најде начин да докрепи нешто, но дури сега беше сознаен дека токму вака ѝ било родено, сето ова со нив тројца во собичкава.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сега беа тројца во оваа собичка, а само по малку двајцата ќе си заминат по тој врнеж, а едниот ќе остане тука сосема сам среде таа дивина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А му го чу ли гласот?
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ајде, Курто, рашири ја таа твоја голема уста! (Кон Дики) Види само какви усни има, како да го касале пчели!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Немојте!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Духот (Панично): Немојте, господарке, ќе се поправам!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ги има по еден, двајца, тројца во генерација.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
И покрај тоа што на вратата се повторува договорениот знак, тројца во собата заземаат позиции што не допуштаат да бидат изненадени и измамени.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)