церемонијален (прид.)
Оттаму (покрај церемонијалниот повод, педесетгодишнината од победата над фашизмот) произлегува потребата овој опасен политички феномен да се разгледува континуирано и продлабочено, и на ФАШИЗАМ време да се превенира.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Македонската култура се претвора во церемонијална култура, ко свечена чета со блех музика.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
82 Карактеристиките на јавниот простор може да се сумираат на следниот начин: - се дефинира преку процес на исклучување (според раса, род, класа, сексуалност, возраст, попреченост) - структуиран е и ограничен со закон (и сѐ понагласено се регулира и е под полициска контрола) - претставува подрачје за политичко делување (место на протест на работниците, за правата на жените, сексуалните слободи, расната еднаквост) - служи како церемонијална сцена за државата да ја покажува својата моќ - служи како место за собирање, простор за социјализација.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)