стаја (ж.)
Го украси резбар со цвеќиња таванов, - рече, - од младоженската стаја.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Не давајќи глас од себе, го извади самарот од зад лежиштето и појде со момчињата кон стајата.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Полека чекорејќи, влезе во стајата и љубопитно гледајќи го коњот, го погали по јакиот врат, го повлече за ретката грива и му се наведна над увото.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ноќ, воловите жеволеле во туѓа стаја туѓо сено, стопаните фаќале бессилно суштество што до вчера се наоѓало под заштита на светените манастирски ѕидови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Питер Гринавеј НОВИ 1001 ПРИКАЗНИ Џеб Еден зоолог се жени со госпоѓицата Кенгур на која најнапред ѝ одредува да живее во стајата зад куќата.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)