скитне (св.)
Само оној, кога беа наближени до селото, се оддели од нивната група и скитна некаде, сам.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Море, јас се заблудав, вели јатрва ми, Уља, и ја изумив Горица. Да не скитне, да се загуби низ шумава, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ни скитнал погледот на селото мое: ене ја куќата наша, велам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И Филип Хаџиевски ми скитна од пред очи, го снема.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)