сврдле (ср.)
43. НА ОРТОМА ТАА ПРОСО СУШИ - а на телевизорот кога цигара се пуши својот маж со своето сврдле го буши: отвори го прозорецот, овој дим ме гуши...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
И сѐ правел само со нож, со секира, со скепар и едно две-три сврдлиња што ги донесол од Влашко, самоделски, на ковач правени.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
„Нешто не е в ред?” запраша госпоѓа Морис. „Сврдле заринкал. На половина пат. Кога би можеле барем да го провлечеме, би било лесно. По него би можеле да излезат и останатите.“ 56
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Сврдле вели ... тој вели: за да ја добиеш борбата мораш да изнајдеш начин како да ги изненадиш луѓето. Така се добива.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
„Да, така рече и Сврдле. Е, а тие не знаеја како да ја изненадат Земјата и како да најдат помош.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Но, нели, сврдлињата во потсвеста работат по туѓи наредби но и со посебен ритам и притоа бркаат и некои свои интереси!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Во песната на Абориџините задолжително има сврдле што прави дупки во совеста, има и ќутуци на кои се испоседната украдената стварност, има и дедовци кои претпладне коваат потковици а попладне учат да играат не лути се човече.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)