помеѓу предл.

помеѓу (предл.)

На трите години од помеѓу гробот на старецот извреа два извора што се и ден денеска.
„Силјан Штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Едно го виделе Силјана мажот и жената, ги оставиле косите и си проговориле помеѓу си со нивниот јазик и се изнасмеале.
„Силјан Штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Да ги споредиме овие два процеса. Едни историчари и филолози тврдат оти јужните Словени уште до доаѓањето на Балканскиот Полуостров се разликувале помеѓу себе, т.е. составувале два одделни народа: Словени /Бугари и Словенци/ и Србо-Хрвати. Така тврдеа Копитар 129, Миклошич 130 и Шафарик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бугарија и да водеше „самостојна” и „национална” политика, т.е. да беше орудие на Тројниот сојуз против Русија, пак немаше да направи нешто, зашто сега ги нема тие натегнати односи помеѓу нив што беа при Стамболова.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тогаш настанаа и првите оружени судири помеѓу „врховистичките” и „централистичките” чети во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Затоа, помеѓу другото, во понапредните или постарите и „поискусни“ капиталистички земји законодавството дозволува поситни акции.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
А наедно со тоа сѐ побрзиот растеж на техниката носи со себе сѐ повеќе елементи на несразмер помеѓу различни страни од народното стопанство, на хаотичност, кризи.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Зарем е „можно“ да се претпостави дека за десет-дваесет години ќе остане неизменет односот на силите помеѓу империјалистичките држави?
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Сончево утро. Пред да се дигне завесата и во време на сцената помеѓу Томче и Стојанка, од далеку еден женски глас извива дискретно тажна песна.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Врската помеѓу нас ќе бидеш ти.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Стоев на прсти помеѓу две рамења, гледав само малечко крајче на арената, среќен кога шарените кловнови со големи црвени носишта ќе се појавеа на тоа место. Кловновите ги испратија со весели извици.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Професорот по цртање одеше помеѓу клупите од еден на друг, нѐ влечеше за коси, сееше со прстите нешто невидливо и се лутеше. - Што, ова да е кралот? Дибеци едни.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Одев полека, со некаква возбуда претчувствувајќи ја границата помеѓу злото и доброто.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Раснам, кожата ќе ми испука. Но таа се фрла помеѓу мене и пилата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зад клупата на која седам помеѓу двајца безоблични и неподвижни стражари во бело, можеби само на чекор од мојот грб, слеана е во масив на бес страшна глутница од сите оние што ме следеле, што ме труеле и што ме довлекле во овој пекол.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Слабите раце на Август ги прегрнуваат решетките на кафезот, малата паметна глава е скоро провлечена помеѓу две јаки железа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Нешто смрзнато и неподвижно што ги мени луѓето да не бидат луѓе, да бидам смрзната неподвижност и не на улица, а кај нас во собата - ѕид помеѓу мене и неа, граница на отуѓување неврат, нескршлив неуморлив суров бог.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Сепак, имало нешто помеѓу вас“, му ја стисна десната мишка на Отец Симеон.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И ударот дојде: „Што има помеѓу вас и Јана?“ Лицето на Отец Симеон се затегна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И рече: Оче Симеоне, од кај ќе почнеме сега, вака без место на жолтиот Нојов кораб со пијано кормило? * Почна како што заврши еднаш, одамна, пред аџилакот во смоларата - згрчен и в крчма, помеѓу дождалците неподвижни и невесели зарад неговата бескрвност и крв во очите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе