под (предл.)
Под секира дабот, што бури победувал, така смртно под рани се веде, а потоа паѓа од моќната дрварска рака, ама - врз дрварот беден... “ Албанецот тоа го раскажа.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Па син му на Абдула, Елеас, кој - да не чуете лага - в натпревар кога ќе збесни ластовичка беше, без малку да остави трага, в правта под нозете лесни.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Под црна веѓа густа одмаздата ја собрал - бран.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Кога горна за спање навеждаше клепка, А мајка те клават во малка колепка, На мека постеља, на мека перница, Под нејна пазуха заспиваш как птица.
„Пeсни“
од Рајко Жинзифов
(1863)
Бегај, криј сја в слама, сине, трпи там под копа, да ги уталожам...
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
И сја криех во градина, зад макови китки, ил' под ружи г'столисти тулех сја как зајац.
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Се задале сватовите од под село да идат: нункото напред со ургулицата в рака, по него зетот и сите сватови, свирејќи со гајдата и фрлајќи пиштоли дошле во Божинови дворови.
„Силјан Штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Еднаш беше ги скарал неколку деца што биле собрани онде на крај селоно под едно дрво јаворово.
„Силјан Штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
122. Георги Баласчев (1869-1936) од Охрид е историчар и публицист, познаник на Мисирков од заедничкиот престој во Белград (1889) и во Софија (1890), кој во времето кога се ставаа основите на ММКД, под псевдонимот Езерски, ја објави првата книга на македонски јазик за „лозарското” движење „Неколку кратки летописни белешки за состојбата на западните Македонци…” (Софија, 1890).
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
37. Инж. Христо Станишев е член на ВМОК во Софија, а по расцепот на “врховистите” (1902) стана претседател на Врховниот комитет што го поддржуваше ЦК на ТМОРО и издаваше и свој весник под истото име “Реформи”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
22. Под ова име Мисирков ја подразбира Организацијата како целина, а не само нејзиниот ЦК.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Таа под чии топли зраци народите живеат човечки!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Големиот полет кон крајот на XIX век и кризата од 1900-1903 година стојат – барем во рударската индустрија и во металургијата – прв пат наполно под знакот на картелите.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Авторот ги дели крупните руски банки на две основни групи: а) на банки што работат служејќи се со „системот на учества“ и б) на „независни“ банки, при што под „независност“ произволно ја подразбира независноста од странските банки; првата група авторот ја дели на три подгрупи: 1) германско учество, 2) англиско и 3) француско, имајќи го предвид „учеството“ и владеењето на најкрупните странски банки од соодветната народност.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Двесте илјади километри нови железнички пруги во колониите и во другите земји на Азија и Америка, – тоа значи над
40 милијарди мрки ново инвестирање на капитал под особено поволни услови, со особени гаранции на рентабилност, со доходни порачки за челичаните итн. итн.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
БОЖАНА: И под нашава стреа ластовиците гнездо си прават. Истите од лани лето...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
ЗАФИР: (Му ја брише потта под кошулата).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
На подот рогузина. На десниот ѕид долапче со чинии, под него стар ковчег. Неколку триножни столчиња. Бедно, но чисто.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
ТОМЧЕ: Ја нејќе! А зошто? Каква мана ѝ најде? Кал под нокти!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
АМПО: (На главата држи тава, под мишки праз и погача...) И погача...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)