очигледно (прил.)
Треба да бидеме слепи за да не го видиме тоа што е очигледно.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Од каде ќе се најдат средства за нови учебници, кој ќе ги подготвува, од чии средства ќе се издржуваат училиштата со македонски јазик? – Очигледно, штом комитетите и македонската интелигенција во Бугарија ќе почнат да му се противат на новото течење, или, ако не му се противат, просто не го поддржуваат, јасно е оти од него нема да остане ништо: фантазиите на неколцина Македонци ќе бидат исмеани и повеќе ништо.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
На лицето му се исцрта уплав. – Не се плаши – се насмеа Беличот, кој што очигледно беше веќе запознат со оваа тајна.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Левиот мазен образ одвреме-навреме му се грчеше; изгледаше дека безуслешно се обидува да се насмее. Очигледно го жалеше старецот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Очигледно беше - иако се бореа, нападнатите беа послаби од беспризорните.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Од ден на ден губеше сили, место да му оди за напред. Очигледно, венееше, жолтееше и се сушеше.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Нека ни е добредошла новата ластовичка во нашето градинче, да ѝ даде господ здравје и живот и шо ѝ срце сака!“ — заврши Бино, очигледно трогнат, бришејќи си ги солзите со ракавот од шајачното палто.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Стале очигледно се израдува и му одговори: — Ами, ако велиш ти, оче Арсенија, да остана, да остана.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тој, господи, очигледно совладувајќи се да не крикне, продолжи со туѓ глас.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Пред овој црнец се ниша русо момче, му го покажува јазикот, пијано намигнува, фантастично ја издолжува белата шија, личи на штрк и очигледно навредува.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Младо како роса, калешо, добро развиено, стројно со потечени црни очи (очигледно од долго плачење) и натажено лице.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Кадијата се намурти, ја наведе главата, си ја помазна брадата, почна да си го поткаснува десниот мустак и зашета низ одајата, очигледно растревожен за неуспехот на неговите луѓе.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
На нозе сите, и секоја да ѝ удри по една тупаница по муцки и да ѝ плукне в лице. – Ха, ха, ха, ха! – почнаа да се смеат сите кадани, очигледно задоволни што не им го презеде младата ѓаурка добриот кадија.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Очигледно - расположен беше. Сашка трепетно зачека.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
„Не сум венеролог.“ Очигледно Иван одговараше со стрпливост не знаејќи ни самиот како да го почне разговорот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Брат му ја заклучи фиоката и се исправи. „Зошто не на планина?“ Очигледно сакаше да го заврши разговорот. „Тоа место е слободно од утре.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
НЕДА: (Се тргнува од замисленоста. Очигледно дека ја освестува спомнувањето на името од Ѓорчета.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Се остави да го фатат. А тоа глупаво држење пред судот? Одрече сѐ, и то што е сосема очигледно и не може да се одрече.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Гледајќи ја оваа маса од расчувствувани лица, Арсо се прашаше самиот себеси, зошто овие сериозни лица - запотени, стеснети и опијанети од љубопитност, ги заборавиле своите секојдневни работи, многу важни за самите нив и се претвораат овде во наивни, пакосни или добродушни гледачи, зашто им е потребно тоа да се согласуваат со оние што обвинуваат и на таков начин да си ги прават душите тврдокорни, барајќи во себе презир, непопустливост и казна за оние што се млади и непокорни, но очигледно способни да ја платат највисоката цена за таа своја непокорност, за тоа свое несогласување и за мечтата за нешто што го нема, но треба да дојде, зашто без него нема смирување и среќа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Беше бргу очигледно дека притоа чувствуваше дури и задоволство.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)