оговара (несв.)
Таа на старост се мачи, ги израсна децата како арслани и еднаш во својот живот ќе прави радост и ќе ја прави сите да ја видат, некои да ѝ заблазат, други да ја оговараат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Бора Станковиќ ја оговарал елитата дека е полна со дегенерици.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Ако во 20 век забавата меѓу луѓето се одвивала на друг начини, преку секојдневна комуникација и дружење, денеска како најбољи другари ги имаме фејсбук и скајп каде од 10 до 15 саати дневно може да драпате и оговарате, а наместо фејс ту фејс да се дружите само преку типките од тастатурата.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
За девојчињата да не зборувам. Секогаш имав проблеми од нивните пакости. Оговарања, завидливи и лицемерни забелешки.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)