наново (прил.)
Сѐ наоколу беше подредено во една волшебна ритмичка игра, сè се носеше по оној плисок на водата под него, а тој секогаш наново ѝ се радуваше на секоја нова извадена штица, на секој нов изработен и раздробен трупец.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Остана долго така, со посегната рака, свесен и за плачот во својата подотворена уста, свесен и за натежнатите солзи по своето лице, кои ги пушташе да му се леат сами, а јаренцето ниеднаш не престана да му ги поминува секогаш наново сите негови прсти.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше тоа она, што преку целиот ден го демнеше од зад стеблата, а сега можеше да излегува и да му се приближува и тој секогаш наново можеше да го наоѓа сѐ поблиску до себе, спружен.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тој наново почна да чука по вреќите со раката од врвот па сè дури до дното!
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
А јас не сакам наново рани да раскопувам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Што мајстори испречекав и наранив додека да се прередат керамидите, додека да се исчистат ѕидовите од големата соба и наново да се малтерисаат, додека да се подреди со штици чардакот, да се направат нови пармаци, да се заменат искршените стакла на прозорците.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Од изворите натаму се следеше една стара патека која наместа се губеше и машината мораше да си прави наново терен за копање.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Само помислата и сеќавањето беа доста наново да го вознемират.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Повремено, кога ја средувам документацијата, ги гледам фотографиите од гробовите и прочитувам: „Лазе Костовски и Невена, заедно, 1949 и 1951, на крстот имало две мали елипсоидни слики, но со време испаднале, останале само дупчиња; Стефан Лазески, 194., последната бројка не е читлива; Младен Поцо, 1956; Ица Танеска, името напишано наново со мрсна боја; Боне Попчев, 1945, со елипсоидна слика под стакленце, на еден крај поткршено, сликан залегнат со шмајзер на Сремскиот фронт, каде што е убиен; Стевка Симонова, година нечитка, за спомен од нејзиниот син Тале“.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Колената рана ќе ти се направат, а гарант си го утнала работ од долната ногавица, па мораш сѐ наново да повториш.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)