мајмунче (ср.)
Другиот прифатува: - И кажи му на кметот од нашето село да не се грижи за нас оти знаеме ни пцуел мајка партизанска и потскажувал па Тодора и Јована ги тепале ги ставиле во окови а со нив и мојот старец прашај ги твоите војничиња мајмунчиња како ги дочекавме на Момино Брдо и како бегаа од нас...
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Тој првин како да се уплаши и да сакаше да побегне, но го виде мајмунчето и подзапре.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Неговото ситно сестриче, обесено на мајка си со двете рачиња, како мајмунче, молчеше гледајќи во него преку мајчиното рамо со големи, тажни очи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Зигмунд го остави мајмунчето на масата, а од таму позеда фигурина на Божицата Мајка, и почна да ѝ го забришува голото тело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Зигмунд минуваше со четчето по каменото тело на мајмунчето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)