лазарет м.

лазарет (м.)

Стасавме некако до тоа. Лазаретот што го викаат. Нешто како болница. Во Сива Вода, место викано беше. Близу до Битола.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И кога видоа така, се рече да ме пренесат во Лазаретот. Кај Битола.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На болничарката, седумнаесетгодишно девојче, ѝ го врзав ѓемот за рака и тргна таа да го однесе во лазаретот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Си дојдов на себе во еден италијански лазарет.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)