загушлив (прид.)
Во грлото ми се вгнезди загушлива тиња со страотна реа. Почнав да го губам здивот, да се задушувам.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ги пронајдов твоите очи меѓу замаглените ходници, ме опи твојот мирис меѓу загушливите простори, го осетив твојот допир меѓу острите ладни ѕидови, моите сетила те посакуваа, а моите чувства им дадоа лик на тие немири.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Бегав колку можев подалеку од маглата на безделничењето, сивиот чад на катадневието, неподносливоста на монотонијата, затоа што таму во тој загушлив простор губев парче душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Преку априоризам на хаотичното сетилно спознание и естетската перцепција или аперцепција на целокупната хабитација ја рехабилитирав само-целта на животот и од мноштвото про форми, односи, супстанции, модуси, комуникации за да избегам од загушливоста и монотонијата на секојдневието, избрав имагинарни слики-еквиваленти на стварноста која ја грабев за себе како совршена уметност за себе-вообличување, во несовршените материјални форми што ме опкружуваат и постојат во медиумите (средините) на реалноста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Овде загубив желба за сѐ. Многу е загушливо. Многу повеќе од таму кај што бев.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Не ќе се смирам никогаш во загушлива атмосфера од пцости...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)