заврши св.

заврши (св.)

Стамболов е активен учесник во присоединувањето на Источна Румелија (против волјата на Русија), успешно ја заврши и Српско-бугарската војна (1885), но за нас е важно дека беше и еден од главните идеолози и организатори на комитетите „Единство” што суштествено придонесоа за разгромувањето на Кресненското македонско востание.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но нашите раководители замижаа пред вистината и востанието се зафати; се зафати славно за да се заврши плачевно и погубно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бидејќи во Азија и во Америка нема незапоседнати земји, т.е. земји што не ѝ припаѓаат на ниедна држава, заклучокот на Супан треба да се прошири и да се каже дека карактеристична црта на разгледуваниот период е дефинитивната поделба на земјата, дефинитивна не во таа смисла дека повторна поделба не е можна – напротив, повторни поделби се можни и неизбежни – туку во смисла дека колонијалната политика на капиталистичките земји го заврши запоседнувањето на незапоседнатите земји на нашата планета.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Ги добиваме овие резултати: Ние тука јасно гледаме како беше „завршена“ поделбата на светот на границата помеѓу XIX и XX век.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
„Во дадениот момент – пишуваше Фогелштајн во 1910 година – поделбата на земјата е завршена, и крупните потрошувачи, во прв ред државните железници, сега можат – бидејќи светот е поделен, а нивните интереси не се земени предвид – да живеат како поет на небото на Јупитер.“
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Со Хегел навистина заврши блескавата епоха на филозофскиот идеализам и сите филозофски идеалисти по него само се голи интерпретатори на она што е дадено од Кант до Хегел; филозофскиот идеализам по Хегел стана излишен и своето огромно филозофско наследство му го завешта на дијалектичкиот материјализам.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Хегеловата филозофија е круна по развитокот на онаа преродба на немскиот филозофски идеализам, којшто почна со Кант, па преку Фихте и Шелинг заврши во монументалната филозофска зграда на Хегел.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Ах мој ти ме сју ти зи, Ки’ ке бузен си ќерши, Е, еја, еја те лој, Се ти зембрен ма мори!... (По завршувањето на песната, која Илија ја прати со големо интересирање, му ја изкривува капата на Арнаутикот над око и кон останатите Арнаути од каде што доаѓа гласот): ИЛИЈА: Рофш!... Рофш!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
По завршувањето на учителска школа, тој учителствува во многу села низ Македонија.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Првиот час заврши без учење.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Има, сигурен сум, уште од турско време. Штом сме почнале, ќе завршиме. - Ќе завршиме, реков.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога заврши и последниот час шумно излеговме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во први клас се запишиаа сите ученици што завршија лани четврто одделение, меѓу кои прво беше Толето на Бојана Жиовката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако ми живо остане, доб'ка старост ќе вати од седумдесет години, — заврши бабата Маловица со наречувањето. а додека таа наречуваше другите само викаа „амин, амин, амин, боженце златен, така да биде“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Учебната година помина. Крсте го заврши и третото одделение со одлична оценка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Работната кариера ја заврши во Македонската телевизија каде што беше уредник и се пензионира.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сликарот со потсмешливост се обиде конвенционално да ја заврши неговата прикаска.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во април и тагата заврши. Не беше април и не беа во планина.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Помислите и кажите – заврши кадијата и им го заврте грбот на врзаните, во знак дека ги чека да му кажат ќе платат ли сто илјади аспри или да заповеда да го запалат сејмените селото.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сестро! Сестро! Дојде редот пак да се видиме – заврши Арслан и две негови солзи и капнаа на Анѓа по косата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Повеќе