жолчка
мн. жолчки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 9483
1.
Внатрешен орган кај човекот и кај некои животни во вид на меур во кој се слева сокот што го излачува црниот дроб.
Употреба:
Анатомија
Примери:
Болест на жолчката.
2.
Жолтозеленикава горчлива течност што ја излачува црниот дроб.
Примери:
жолчен сок
3.
Густа жолта материја во внатрешниот дел од јајцето, опкружена со белка.
Примери:
Има кокошки што несат јајца со две жолчки.